Чавков: Состојбата во поплавените подрачја значително се подобрува

Во моментов состојбата можам да кажам дека значително се подобрува, се вложуваат максимални напори, институциите на системот функционираат. На ниво на влада беше донесена одлука, прогласена е кризна состојба, формиран и активиран е кризниот менаџмент, изјави за Телевизија Нова министерот за внатрешни работи Митко Чавков.Чавков вели дека има навистина значителен напредок во однос на расчистувањето и санирањето на последиците од природната катастрофа и во рамките на кризниот менаџмент покриени се практично сите подрачја кои се зафатени од природната катастрофа.
„Заедно со останатите институции на системот и со месното население, со волонтери, работевме максимално интензивно, што се вика деноноќно и учествуваме во санирање на останатите штетни последици“, рече Чавков.
Министерот потенцираше и дека специјалните единици на МВР беа вклучени во спасувачки мисии ноќта на поплавите и следниот ден со специјализирана опрема и со специјални возила.
-Ние како Република Македонија, како Влада и како институции на системот немаме искуство со таква природна катастрофа и со таква елементарна непогода, додаде Чавков и нагласи дека по разговорите со членови на месното население, а посебно со постарите луѓе, практично не се памети ваква природна катастрофа во Република Македонија, а веројатно и во регионот.
„Меѓутоа, јас одговорно тврдам дека ние успеавме добро да се организираме и успеавме добро да одговориме на овој несекојдневен предизвик со кој не сме се соочувале досега како држава“, вели Чавков.Чавков вели дека има навистина значителен напредок во однос на расчистувањето и санирањето на последиците од природната катастрофа и во рамките на

Пронајдете не на следниве мрежи: