Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков испрати нова темеграма до сите организациски единици за потребите на Министерството, Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање со која на вработените им ја укажува потребата од доследно почитување на законите, како и на Одлуките на Владата на Република Македонија.-Со техничкото назначување на Министер за внатрешни работи од редот на опозицијата, а врз основа на политичкиот договор од Пржино и неговата операционализација со измените на Законот за Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи од првиот ден отпочна со реализација на партиски активности, со претходно одземање на овластувањата на директорите на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање (сторено во стопроцентно автократска, нетранспарентна и спротивна на европските стандарди за децентрализација постапка), како и на началниците на Регионалните сектори за внатрешни работи со единствена цел да воспостави целосна партиска контрола со помош на мал број познати политички активисти на СДСМ, пишува во телеграмата на Чавков.
Тој додава дека во делот пак на Решенијата за уназадување или разрешување на раководни работни лица во Министерството за внатрешни работи, сите тие Решенија се донесени спротивно на членот 3 став 1 точка 5 и членот 188 од Законот за внатрешни работи, бидејќи не се исполнети законските услови за донесување на ваков вид на решение за конкретниот работници.
-Имено, согласно Законот за внатрешни работи било кој работник во Министерството за внатрешни работи не смее да биде распореден на работно место кое е пониско од нивото на работното место на кое дотогаш работел, освен кога врз основа на претходно спроведена постапка ќе се утврди дека тој работник го прекршил работниот ред и дисциплина или не ги исполнил дадените работните обврски, во кој случај таквиот работник може да се распореди на работно место само во едно ниво пониско од нивото на работното место на кое дотогаш работел. Во сите конкретни случаи на уназадување или разрешување, НЕ Е СПРОВЕДУВАНА никаква постапка за утврдување на евентуално кршење на работниот ред и дисциплина или за неисполнување на дадените работните обврски, туку директно, противзаконски се носени тие решенија, пишува во телеграмата.
Чавков посочува дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е избран на оваа функција од страна на Собранието согласно членот 44 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија „заради организација на предвремените избори за пратеници во 2016 година“, па токму поради овој факт Спасовски имаше и сеуште има мандат да ја извршува својата функција само во насока на организација на тие предвремени избори за пратеници и од тие причини тој имаше и сеуште има ЗАКОНСКА ОБВРСКА сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите да ги разгледува и потпишува заедно и рамноправно со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, што за жал од негова страна не беше направено во ниту еден единствен случај, при носењето на поништените Решенија и Правилници.
– Двете Информации врз основа на кои беа донесени поништувачките Одлуки, беа доставени до Владата на Република Македонија во услови на потполно неоправдано отсуство од работа на министерот за внатрешни работи, чии политичко-партиски обврски коишто му произлегуваат од неговата функција Генерален секретар на политичка партија му се единствен приоритет – споредено со неговите службени обврски во Министерството за внатрешни работи, и во такви услови право и обврска на било кој одговорен професионален припадник на Министерството за внатрешни работи е да се грижи за неговото нормално, тековно и законско функционирање. Во оваа насока, Информациите беа проследени до Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, а тој согласно неговите законски и деловнички овластувања ги има доставено на разгледување на редовни седници на Владата на Република Македонија. Небулозно е тврдењето дека Владата на Република Македонија немала право да ги поништи незаконските решенија за распоредување, именување и разрешување на работници во Министерството за внатрешни работи и Правилницита за систематизација на работните места во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и во организациските единици за потребите на Министерството за внатрешни работи, се вели во телеграмата на заменик министерот.
Во истата Чавков пишува дека целосно злонамерно и тенденционо се игнорира фактот дека Владата има донесено Одлуки кои што велат дека: „Владата врши надзор над работата на министерствата и другите органи на државната управа и управните организации; Владата има право и должност да укине или поништи пропис ИЛИ ДРУГ АКТ на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, закон или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата“.
-Значи, во Законот за Владата на Република Македонија НИКАДЕ НЕ Е РЕГУЛИРАНО дека Владата на Република Македонија има право да поништува само општи акти на министерствата, а дека нема право да поништува конкретни, поединечни акти, туку како што е погоре и цитирано, има право и ДОЛЖНОСТ да ги поништува СИТЕ НЕЗАКОНСКИ АКТИ на министерствата, без оглед дали тие се од општ или од конкретен – поединечен карактер. Тоа е и сосема нормално и логично да биде така регулирано, бидејќи кога некој министер ќе одлучи свесно и намерно да постапува спротивно на законите, верувајќи дека политичко-партиската функција ќе му обезбеди заштита од таквото постапување, тогаш тој тоа го прави со носење токму на конкретни – поединечни акти, а не со носење на општи акти. Покрај тоа, во целиот свет Министерствата не постојат сами за себе, туку се дел од Владата на државата и од тие причини право и обврска на секоја демократска Влада е да ги контролира своите Министерства, а особено право и обврска е да ги штити своите граѓани од можните незаконски постапки на своите Министри, како што впрочем се постапи и во конкретниот случај од страна на Владата предводена од нејзиниот претседател Емил Димитриев. Впрочем, оваа одредба од Законот за Владата на Република Македонија егзистира уште од 22. 07. 2000 година, и ако таа одредба била навистина неуставна или спротивна на некој друг законски акт можела да биде укината или изменета во изминативе шеснаесет години било од Уставниот суд на Република Македонија, било од страна на Собранието на Република Македонија, коешто патем речено, во временскиот период од 2002 до 2006 година беше контролирано од страна на политичката опција од чија провиниенција произлегува и самиот министер за внатрешни работи Спасовски. Апсурдно, тенденциозно и клеветнички мотивирано е тврдењето дека дополнителниот заменик министер за внатрешни работи и заедно со него Владата на Република Македонија се ставиле над судската власт со предлагањето, односно со поништувањето на наведените незаконски акти, стои во телеграмата.
Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков, стои во телеграмата, согласно принципот на економичност и рационалност во постапувањето, поднесени се вкупно 126 тужби до Управниот суд на Република Македонија.
-Постапката пред Управниот суд поводовие тужби се уште е во тек, со тоа што по повод истите моментно донесени се 44 Решенија за времени мерки со кои предлогот на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи за донесување на времена мерка СЕ УВАЖУВА и му СЕ ЗАБРАНУВА на Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски, да презема дејствија во врска и по повод донесените Решенија за разрешување, именување и распоредување. Сите 44 Решенија за времена мерка на Управниот суд на Република Македонија се потврдени од страна на Вишиот управен суд на Република Македонија преку ОТФРЛАЊЕ (како недозволени) на Жалбите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесени против тие Решенија. Точно е дека четири Тужби се отфрлени (во прв степен) од страна на Управниот суд на Република Македонија, но тоа е сторено од формално-правни причини, а не од суштински причини. Имено, Тужбите се отфрлени од причина што во меѓувреме Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен при Владата на Република Македонија ги има ПОНИШТЕНО КАКО НЕЗАКОНСКИ четирите Решенија за разрешување на високи старешини во Министерството за внатрешни работи коишто се предмет на овие Тужби и затоа Управниот суд само констатирал дека истите не може да се оспоруваат и понатаму (по судски пат) Решенија коишто од надлежен второстепен орган се веќе прогласени за незаконски и кои од тие причини повеќе не постојат во правниот систем на Република Македонија, стои во телеграмата.
Чавков во истата додава дека наместо Спасовски да постапи по одлуките на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен при Владата на Република Македонија, односно наместо самиот тој да ја констатира незаконитоста на неговите постапки и да ја воспостави претходната состојба во Министерството за внатрешни рабити, тој се повикува на првостепени Решенија на Управниот суд со кои таквите негови незаконски постапки само се потврдуваат.-Со техничкото назначување на Министер за внатрешни работи од редот на опозицијата, а врз основа на политичкиот договор од Пржино и неговата операц