Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, заедно со државниот секретар на МВР, Анастасија Илиеска, денеска и утре во Братислава, Република Словачка ќе учествуваат на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи и на правда на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во унијата.„Миграциите и границите“ е темата на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи и на правда на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во унијата, што се одржува во рамки на словачкото претседавање со ЕУ.
МВР соопшти дека е предвидено вечер, на маргините од неформалниот состанок, министерот Чавков да оствари билатерална средба со неговиот домаќин, министерот за внатрешни работи на Словачка, Роберт Калинак.„Миграциите и границите“ е темата на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи и на правда на земјите членки на ЕУ и земј