Министерот за внатрешни работи Митко Чавков во интервју за телевизија Сител вели дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не ги предал сите материјали кои нелегално ги поседува до Специјалното јавно обвинителство.Тој вели дека се креирани нови хард-дискови и УСБ на кои се наоѓаат уште од материјалите за кои Заев неколку пати ја излажа јавноста дека во целост ги предал во СЈО.
-Таквото партиско криминално подземје е силен потенцијал за нанесување на штета не само на општеството, туку и на поединци на граѓаните. За жал морам да констатирам дека фактите и информациите кажуваат дека не се предадени сите материјали на СЈО. И не само што не се предадени туку ги има веројатно на повеќе места. Јас лично мислам дека сето тоа не може никој да го контролира, па ни Заев нема да може да го контролира до крај бидејќи кај Чауш ние имавме дополнителна активност додека тој беше во затвор. Уапсивме уште неколку лица во рамките на таа операција. Покрај првиот хард диск ние најдовме уште еден и уште едно УСБ на кои имаше исто така голем број на транскрипти од следени комуникации на граѓани. Во овој хард диск имаше транскрипти кои ги немаше во претходниот. Во УСБ-то беа сосема нови транскрипти. Сите тие беа креирани во периодот кога Чауш е веќе во затвор, односно креирани се на почетокот на оваа година. Додека тој е во затвор, некој ги креирал и ги доставил до него, рече министерот.
Чавков вели дека понатаму биле утврдени линкови меѓу Чауш и Зоран Божиновски и обезбедени се докази дека и до ова лице биле доставени еден дел од нелегално стекнатите разговори.
-Информациите кои претходеа пред апсењето на Чауш и пронаоѓање на новите хард диск и УСБ беа во контекст на конкретни случаи на закани кон лица и уцени за да се изнудат пари и практично уцените беа со објавување на тие содржини. Одговорно тврдам дека не се предадени сите материјали и одговорно тврдам дека се нема контрола врз нив бидејќи се разбира многу поединци од криминалното подземје имаат пројавено интерес за овие содржини, заклучи Чавков.
Поголем дел од интервјуто на Сител, погледнете го во продолжениеТој вели дека се креирани нови хард-дискови и УСБ на кои се наоѓаат уште од материјалите за кои Заев неколку пати ја излажа јавноста дека во целост