Нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, којашто подоцна ќе значи место за Косово во Обединетите нации, во тој случај Бундестагот е подготвен да отстапи од некои услови за Србија.Ова го изјави надворешнополитичкито советник на пратеничката група на владеачката ЦДУ-ЦСУ во германскиот Бундестаг, Ханс Јоаким Фаленски.„Најважно е да дојде до нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, која би отворила пат за меѓусебно уважување, што подоцна би вклучило и српска согласност на стол на Косово во ОН. Доколку би дошло до ваков развој на ситуацијата, ни во Бундестагот сме подготвени да толерираме неисполнување на некои од поставените дополнителни услови“, изјави Фаленски за „Политика“.На прашање во која мера се поклопува сегашното заострување на ставовите на ЦДУ-ЦСУ околу условите поставени на Србија со ставовите на владата во Берлин и на министерството за надворешни работи, Фаленски вели дека решавачки е зборот на пратениците.„Последен збор во врска со германската согласност или одбивање на доделувањето на датум на Србија нема да го даде владата, ниту министерството за надворешни работи, туку ние пратениците“, рече Фаленски.
МакфаксНормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, којашто подоцна ќе значи место за Косово во Обединетите нац