Македонска Каменица веќе ги најави концертните настапи на балканските ѕвезди Светлана Ражнатовиќ Цеца и Мирослав Илиќ.Подготовките за големиот музички спектакл веќе финишираат и се работи на последните детали околу организацијата и пречекот на посетителите.
Концерт на Цеца е закажан за 28 август, а пред неа атмосферата ќе ја загрева македонскиот „Инструментал бенд“.
Српската пејачка на својата официјална страница на Фејсбук веќе потврди дека дел од хонорарот што ќе го добие за концертот во Македонска Каменица ќе биде дониран за жителите во поплавените подрачја во Скопје.
Подготовките за големиот музички спектакл веќе финишираат и се работи на последните детали околу организацијата и пречекот на посетителите.