Светлана Цеца Ражнатовиќ во рамките на својата турнеја на која го промовира албумот „Аутограм“ ја посети и Македонија. Пејачката успешно се избори и со вирусот кој ги напаѓа гласните жици па така публикат можеше да ужива во гласот на Цеца. Во Струмица пееше пред повеќе од илјади фанови кои ја знаеа секоја нова песна на пејачката.Македонците имаа прилика да ги слушнат песните „Невиност“ и „Јадна ти је моја помоќ“, кои поради болеста не можеше да ги отпее во Будва.
„Феноменално изреагираа и на „Дидуле“, на „Трепни“, атмосферата беше одлича, изјавила Цеца.
Бидејќи за балканската ѕвезда се пишува многу, Цеца прокоментирала некои од пишувањата.
„Вртам се на шега сега и станува смешно тоа што се пишува. Но некои работи не се смешни, многу се сериозни и не се за во весник. Одредени работи се за институции како што е полиција, суд, а не за жолт печат“,изјавила Цеца.
Еден од натписите бил дека Цеца морала да ургира за нејзиниот син да може да влезе во Црна Гора и да биде на нејзиниот настап.
„Сум го молела Мило Ѓукановиќ- те молам Мило, пушти го Вељко. Ги читам натписите па пробав да ги научам напамет и да одглумам како било. Напишале такви будалаштини и глупости, што немам зборови. Првенствено, мојот син нема никаква забрана. Тоа е лага само да се потполнат весниците по секоја цена. Ниту сум барала некого, ниту молела ниту пак имам намера за такво нешто. Минатата година имаше мал инцидент.
Деца како деца се скарале и тој е испратен во Србија, но не со забрана, не со некои тешки последици врзани за тоа. Се останато е чиста глупост. И да е така, тој е веќе момче кое треба да одговара за своите постапки. Никогаш не би ургирала за такво нешто“, заклучила Цеца.Македонците имаа прилика да ги слушнат песните „Невиност“ и „Јадна ти је моја помоќ“, кои поради болеста не мож
Пронајдете не на следниве мрежи: