Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ проговори за здравствените проблеми со кои се соочува во последно време, пороците и депресијата.Со оглед дека се шпекулираше дека има здравствени проблеми, реши да заврши со таа приказна.
„Имам вирус кој никако не можам да го залекувам. Кога имам пауза од настапи, се обидувам да се излекувам, но не ми оди од рака. Најлоши се летните настинки. Никако да се залечат“ – рекла Цеца.
Таа била и страстен пушач, но се откажала од тој порок.
„Ги оставив цигарите пред три месеци. Еден момент си реков себеси: Цецо, доста е. Претходно си зборував, од утре престанувам, но кога се будев, палев цигара. Тие ми пречеа и јас со години го труев своето тело и гласните жици. Така што веќе немам пороци, всушност се ослободив од единствениот“ – рекла Цеца.
Таа открива дека никогаш немала проблем со депресијата:
„Никогаш не сум била склона кон депресии, иако имав секакви ситуации во животот, од стрес преку непријателски и тажни. Секогаш се борев со позитивна енергија и со насмевка“ – објаснила пејачката.Со оглед дека се шпекулираше дека има здравствени проблеми, реши да заврши со таа приказна.
„Имам вирус кој никако не можам да го зал