Чекајќи го снајперот

Украина. Пред само 3-4 години тоа беше мирна, енергетски обезбедена држава каде владееше ред, имаше хигиена (ментална и секаква друга), функционална Влада, парламент, Претседател и институции. Украина беше ко-организатор на европско првенство во фудбал,индустријализирана земја која пледираше на ЕУ и НАТО интеграција.Тоа беше, покрај многуте други епитети, Украина пред 3-4 години. Денес, по илјадници жртви, контролирана граѓанска војна немири и преврати, Украина е земја со нефункционални институции на секое ниво, осиромашена и економски зависна земја која изгуби дел од својата територија и никогаш нема да влезе ниту во ЕУ а уште помалку во НАТО. Земја која дише на вештачки бели дробови и која ја владеат луѓе избрани од странци, без избори, по законот на тупаницата и војничката чизма. Украина е денес нефункционална држава во светот најдобро позната по терминот „Украинско Сценарио“.
Година и повеќе и Македонија е под закана да биде зафатена од тој денес најдобро познат украински извозен продукт. И не само под закана, туку и реално бевме сведоци на воведните сцени од „Украинското Сценарио“. Година и кусур, драматурзи, сценаристи, амбасадори, НВО-а и разни други злокобни „птичурини“ се обидуваат украинската пиеса да ја постават и кај нас. Знаците не се само очигледни, туку се токму индиго копија на настаните и мизансценот поставен во Украина пред 3-4 години. Луѓето не се ниту слепи а денес за среќа информацијата патува брзо скоро како мислата. Ги гледаме истите сцени, истите улоги во тој хорор за кој сите знаеме како ќе заврши. Дел од улогите ги играат и потполно истите актери. Само сцената е сменета, а сценариото веќе испечатено како хард копи книга, прирачник за рушење демократски ( или не? ) избрани влади, парламенти и институции. Цената на поставката, билетите и штетите од претставата, секогаш ги плаќа „театарот“ домаќин на поставката. Како во Украина, како во Сирија, како во Авганистан, Ирак, Либија, Египет…. Зарем сме толку наивни? А што ние вака малечки какви што сме, можеме да преземеме? Можеме ли да се одбраниме? Имаме ли излез?
Повикот за помош на Ангела Меркел
Знам дека македонскиот народ е мудар, политички „испечен“, историски поткован, благ по нарав и внимателен. Но дали е тоа доволно? Дали има некоја пеколна аритметика која чека бројот на вжештени глави, заблудени мозоци и очи прекриени со долари да достигне одредена цифра, за сето ова што година и повеќе го потискаме, трпеливо чекаме да му дојде крај и се надеваме на завршница без крв по улици, каква што некои отворено посакуваат, да ни експлодира в лице? Воведните сцени не уплашија и не пробудија. Видовме девојки истопорени пред полициски кордон сликани од професионалци ентузијасти, видовме девојки кои даваат цвеќе на полицијата и се шминкаат во одразот на нивните штитови за пола час подоцна нивните „колеги“ од задните редови да н„настапат“ со шипки и бекатон. Видовме запалени контејнери турнати кон полицијата, видовме и инфилтрација во Куманово. Видовме и луѓе со фантомки како читаат весници пред кордонот од полицајци, но крвта во жилите ми смрзна кога пред некој ден видов луѓе со огледала свртени кон полицијата. Тоа е пред последниот чин во оваа хорор пиеса наречена „Украинско сценарио“ кое толку посветено се копира овде во мојата мила МАкедонија а кое како можен расплет не само што не го исклучи туку се чини дека посакува и работи на него лидерот на опозицијата Зоран Заев. Последната сцена драги мои, пред конечниот крвав расплет и пир во кој ние губиме се а во процесот се губиме и самите себе, е снајперот. Снајперот кој треба да земе невина крв и горчината од утробите на сите нормални луѓе да се разлее заедно со крвта по улиците. Крв која ќе не врати во 19-тиот век а од која ќе имаат полза само стотина одбрани квислинзи. Се исто како во Украина. До точка и запирка. А пред две недели дознавме и една застрашувачка вест која го потресе светот, оној нормалниот во кој не се играат „Украински сценарија“ а тоа е веста и скандалот би рекол, дека прочуениот снајперист кој убиваше по еден на секоја страна од барикадите на Мајдан во Украина, бил всушност ангажиран од денешните „демократи“ кои се на власт во Украина. Платен со американски пари. Да, драги мои, ако веќе не сте прочитале. Снајперот кој сееше смрт во Украина бил ангажиран од луѓето кои денес владеат со неа, кои ја донесоа на ова што е Украина денес. Ангажиран од нив, платен со американски долари, испорачан од Молдавија. Нема да и се мешам на Мирка Велиновска во разоткривањето на „волшебници од ОЗ“ и кршењето „чадори“ зошто таа тоа најдобро го прави. Читајте го фељтонот во „Дневник“ и свртете се околу себе. Можеби некое од имињата за кои читате е токму во ваша близина. Не губете го од око. Важно е. И барајте ги институциите, здравото ткиво за реакција. Тие тоа нема да смеат да ви го одбијат. И ќе ве потсетам на мојата колумна од пред месец и нешто „ Повикот за помош на Ангела Меркел“ во која го предвидувам развојот на ситуацијата на Европско тло кој може да се прекрши како стап од нашиот кревок грб ако не сме внимателни. А мора да сме внимателни. Мора да сме и претпазливи и одговорни и за нас, и за нашите најблиски но и за нашите сограѓани на кои умовите им се блокирани од секојдневни дезинформации, душите им се гневни од бескрајните индоктринации, ушите им се затнати од бескрајните манипулации а богами и за оние на кои очите има се залепени со крвави американски долари. А најмногу од се мораме да сме претпазливи и одговорни за оние наши заведени деца кои ги излажаа дека патот кон подобро утре е поплочен со гнев, крв и канти со поликолор. Оние деца кои ги лажат спротивно од секоја етичка норма, дека е добро да кршиш, уриваш и дивееш, дека од гневот ќе се роди цвет и дека шареното е весело и добро а белото е црно. Оние деца кои треба да бидат евентуални жртви на „шарената револуција“ која веќе збогати многу нивни „команданти“ и „идоли“ а за нив е резервирана улогата на мета во крешчендото на крвавиот пир што според „Украинското сценарио“ доаѓа веднаш по огледалото.
По Велигденските празници се најавува нов, голем бран бегалци. Да се подготвиме и да бидеме со очи широко отворени, зошто големиот бран бегалци според „Украинското сценарио“ е најава за влез на сцената на снајперот. Да, знаеме. Да, се надевам подготвени сме и како луѓе и како земја и како институции. Нека снајперот биде како Годо, да го чекаме а никогаш да не пристигне. Да и дадеме среќен крај на оваа нашапиеса на 5-ти јуни 2016-та. Конспираторите нека бидат тие што ќе изгорат.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !
Пишува: Алекс Ванко
Писател, филозоф, аналитичарТоа беше, покрај многуте други епитети, Укр

Пронајдете не на следниве мрежи: