ЦЕЛ ГРАД ВО ШОК: Самохрана мајка на близнаци е пронајдена мртва под метална капија

Утрото околу 5:10 часот ја видов пријателката Валентина како лежи во дворот, а на неа се наоѓаше голема подвижна врата. Не давеше знаци на живот. Веднаш повикав Брза помош и полиција, кои за брзо време дојдоа. За жал, за Валентина немаше спас.Тоа го вели видно скршена од болка, пријателката на Валентина Сокаќ (37).Валентина Сокаќ, самохрана мајка од Крижевац Хрватска, почина ноќна во недела, кон понеделник, од ударот на метална врата која ја поклопила. За се га се уште не се знаат сите детали поврзани со стравичната смрт на 37-годишната лабараториска техничарка. Зад неа останале два сина близнаци кои се осмо одделение во основно училиште.
Трагедијата да биде уште поголема, пред неколку години починал и сопругот на Валентина, па сама се грижела за близнаците.
Нејзините шокирани соседи се' уште не можат да поверуваат што се случило. За покојната Валентина имаат само пофални зборови.
Пријателката која ја пронашла, вели дека Валентина била жена со ведар дух, и дека и после смртта на сопругот собрала сила на синовите да им биде и татко и мајка. Сега се уште не се знае кој ќе ја преземе одговорнста врз децата.

 
Улицата во близина на несреќата се реконструира, па во тој предел се е раскопано, за да се влезе во зградата на Валентина жителите го користеле влезот од дворот. Во просторниот двор покрај вратата каде се случила трагедијата горат два фенери кои минувачите ги потсетуваат на бизарната смрт на вредната и пожртвувана самохрана мајка.
Од полицијата велат дека обдукцијата е закажана за во вторник и таа би требала да даде одговор на прашањето, дали несреќната Валентина веднаш починала покрај вратата долга 6 метри и висока два метри.
Како што се чини во горниот дел, вратата не била никако зацврстена и поради тоа лесно паднала од лежиштето.  Валентина Сокаќ, самохрана мајка од Крижевац Хрватска, почина ноќна во недела, кон понеделник, од ударот на метална врата која ја поклопила. За се

Пронајдете не на следниве мрежи: