Македонија по трет пат на Светско Првенство во ракомет по претходните настапи во 1999 година во Египет и настапот во Хрватска пред три години, првичната цел на нашите ракометари е пласман во Осмина-финалето на овогодинешното Светско Првенство кое се одржува во Шпанија.
Натпреварите започнуваат утре, а првенството ќе трае до 27 јануари, дента кога се игра финалето.
Мундијалот стартува со натпреварот Шпанија – Алжир кој се игра со почеток од 19 часот.
Македонија освен што ќе има ракометари, ќе има и судиска двојка која ја сочинува Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
„Одиме да се надигруваме, да победиме на неколку натпревари и да влеземе во осмина-финалето. Знаеме дека ќе биде тешко, но и свесни сме дека имаме квалитет да го постигнеме тоа“ изјави Борко Ристовски, голманот на нашата селекција во интервју за „Дневник“.
Фото: „Дневник“ (архива)Македонија по трет пат на Светско Првенство во ракомет по претходните настапи во 1999 година во Египет и настапот во Хрватска пред три