Професорката Мимоза Ристова, која важи за опозиционер и чест посетител на протестите на “шарената револуција” , по објавениот текст од Курир за големината на платата на Фани Каранфилова од Сорос, на својот фејсбук профил излезе се коментар против така наречените граѓански активисти.
Лесно ви е да сте опозиционери од невладиниот и да водите наводна борба за демократија против паторот со фамилијата за 3 и кусур илјади евра месечна плата. Ај да ве видам да го правите тоа за беспари, од срце, од душа и од внатрешен порив за правда Срам ме фати кога ви ги прочитав кај клетите Курири висините на платите. АРАМ, напиша Ристова на својот фејсбук профил, по што погодени од вистината цел Сорос и се истури во коментари.
Обидувајќи се да релативизираат Соросовите активисти напишаа:
-На Курир неможе да им се верува уста кога отворат.
На ова веднаш уследи коментар:
-Цане се работи за податоци јавни од УЈП дај да не продаваме приказни.
Сето ова беше доволен поттик за на ѕидот на професорката да се истури гневот на дебело платените ” борци за слобода “.
Видно погоден од вистината се најде Марјан Забрчанец, некогашниот прв човек на МОФ, кој и се нафрли на Ристова. Кога беше запрашан за висината на својата плата одбегнуваше одговор, расправата погледнете ја во продолжение.
Како и секогаш кога платените активисти на Сорос немаат аргументи за дискусија обвинуваат и напаѓаат во хистерија секого кој не мисли како нив.
Очигледно дел од опозиционерите ги отвораат очите и гледаат дека некој цело време ги влечел за нос, додека мала група на луѓе ги полнела џебовите со илјадници евра.
Лесно ви е да сте опозиционери од невладиниот и да водите наводна борба за демократија против паторот со фамилијата
Пронајдете не на следниве мрежи: