Цел свет ги користи нивните откритија, а тие не успеале да се збогатат!

Секое откритие не е пат до сигурен успех .Huffington Post направи листа на добри и успешни идеи кои не го добиле заслуженото признание и награда.
Harvey Ball – Smiley
Препознатливото жолто лого е измислено во 1963 година и низ годините се направени уште 50 милиони различни смајли ликови. За секое дизајнирано смајли британецот добивал само 45 долари.
И додека никој не покажувал интерес за оваа негова технологија, компанијата Texas Instruments ја патентирала идеата.
Rosalind Franklin – DNK
Таа е првата жена научник која ја фотографирала структурата на ДНК со што им помогнала на колегите Watson и Crick полесно да ја дешифрираат структурата. Но, Watson дури по 40 години признал дека ја видел фотографијата на Rosalind која, всушност, била и клучна за обликување на тезата за ДНК.

Daisuke Inoue – Караоке
Inoue бил тапанар во бенд кој и дозволувал на публиката да пее на микрофон со нив.
Караоке – на јапонски значи – празен оркестар, а идеата за караоке кај Inoue се појавила во 1971 година кога бендот не можел на време да стаса на настап, па тој својот дел го снимил на касета и ја оставил публиката да се забавува со микрофонот. За жал, и тој својата идеја не ја патентирал и го пропушти колачот од кој сега индустријата се слади со милијарди долари.

Михаил Калашњиков – АК-47
Во 1947 година ја измислил легендарната автоматска пушка. Иако од Русија добил бројни признанија и одликувања, сепак за своето откритие не добил ништо од финансиски аспект. Според проценките, на светот има повеќе од 100 милиони пушки од овој тип.
 Huffington Post направи листа на добри и успешни идеи кои не го добиле заслуженото признание и награда.
Harvey Ball – Smiley

Пронајдете не на следниве мрежи: