Цел свет зборува за „страшните кловнови“ кои напаѓаат луѓе: Ова е вистината за нив!

Сѐ повеќе информации се појавуваат за тн. „страшни кловнови“ на подрачјето на Хрватска. Дури и хрватското МВР објави соопштение во кое граѓаните се повикуваат доколку забележат нешто чудно или некој на некаков начин ги плаши, да пријават во полиција.Трендот на страшни кловнови се појави во САД пред нешто повеќе од месец дена, а потоа се прошири и во Европа.
Ви донесуваме неколку важни факти за оваа бизарна појава која зема голем замав.
1. Појава на кловнови во Јужна Каролина
Жителите на градот Гринвил во Јужна Каролина, уште на почетокот од септември пријавувале во полиција како гледаат луѓе облечени како кловнови, коишто се обидуваат да намамат деца во шума.
Една жена пријавила таков случај и објаснила дека нејзиниот син забележал во блиската шума кловнови како „шепотат и произведуваат чудни звуци“. Таа одлучила сама да го истражи случајот и набљудувала неколку кловнови кои во шумата „светеле со зелени ласери, а потоа истрчале подлабоко во шумата.“
Од полицијата не знаеле како точно да се постават кон оваа појава, па на жителите им велеле дека ако забележат нешто сомнително или ако видат кловнови, да се обидат да фотографираат или снимат видео.
2. Кловновите станале сѐ понезгодни
Оваа појава низ САД стана сѐ повообичаена. Така, забележани се случаи кога кловнови плашеле и следеле деца кои оделе кон автобуска станица. Имено, 12-годишниот Камерон Фрејлс и неговиот помал брат го пријавиле случајот во полиција и изјавиле дека човек облечен во црно одел по нив, а носел и кловновска маска, пишува Еј-Би-Си.
На Флорида исплашиле жена, па потоа почнале да ѝ се закануваат.
3. Кловновите се проширија во Европа и пристигнаа во Словенија и Хрватска
Кловновите најпрво се појавија во Велика Британија, кадешто биле видени во повеќе градови. Главно шетале по улици и плашеле луѓе. Еден кловн во Шведска до смрт избодел човек.
Кловновите во Словенија најмногу се собираат во близина на училиштата, но се видени и по паркови и автобуски станици.
Најнова мета на овој бизарен тренд е Хрватска, каде што полицијата прима дојави за појава на страшните кловнови. Од хрватското МВР беше испратен апел граѓаните веднаш да пријавуваат било какви чудни појави.
4. Дали зад сето ова стои само реклама?
Во контекст на целиот овој случај, секако е интересен фактот дека во кината во 2017 година ќе почне прикажување на филмот „It“. Филмот се темели на серија од 1990 година, снимена според книгата на Стивен Кинг.
Дејството се врти околу страшен кловн кој ја тероризира целата заедница.
– Ескалацијата на појавата на страшни кловнови прилично е добар публицитет за филмот – пишува Индепендент, не отфрлувајќи ја можноста дека во случајот „страшни кловнови“ стои само добра промоција на филмот.Трендот на страшни кловнови се појави во САД пред нешто повеќе од месец дена, а потоа се прошири и во Европа.
Ви донесуваме неколку важни ф

Пронајдете не на следниве мрежи: