ЦЕЛА АМЕРИКА ГО СПОДЕЛУВА ОВА ВИДЕО: Лута службеничка упорно одбива да им издаде брачни дозволи на геј паровите!

Денес во САД е актуелно видеото во кое се гледа како една државна службеничkа во Кентаки повторно одбила да им издаде дозвола за брак на геј паровите, еден ден откако Врховниот суд ја одби нејзината молба да работи на таа функција поради нејзините верски убедувања.Ким Дејвис стана позната откако се прочу приказната дека постои една лута жена во округот Роуен, којашто седи зад својот пулт и упорно одбива да им издаде брачни дозволи на истополовите бракови.
Три хомосексуални парови ја тужеле, а таа упорно тврдела дека нејзината вера ја спречува да им издаде дозволи. Но, судот наредил дека мора да го направи тоа, по што целата ситуација завршила на Врховниот суд кој во понеделникот, исто така потврди дека не постојат никакви основи за одбивање на барањата.
Но, кога канцеларијата за издавање на дозволи се отворила во вторникот наутро, два пара дошле по своите дозволи и им било одбиено барањето. Први биле Ејприл Милер и Карен Робертс, кои во канцеларијата влегле со многу камери и фотоапарати, но не успеале да ги добијат саканите документи.
По нив влегле Дејвид Мур и Дејвид Емонд, на кои Дејвис мртва ладна им одговорила дека според „Божјите овластувања одбива да им издаде дозвола за брак“.
Не се знае што ќе биде со госпоѓа Дејвис, но се претпоставува дека поради непочитувањето на судската одлука би можела да заврши во затвор.
Погледнете го видеото:Ким Дејвис стана позната откако се прочу приказната дека постои една лута жена во округот Роуен, којашто седи зад својот пулт и упорно одбива да им

Пронајдете не на следниве мрежи: