Белоруската полиција потврди дека го пронајде телото на поранешната олимписка спринтерка Јулија Баљукина која исчезнала уште од 28. октомври.Нејзиното тело било најдено покриено во шума во близина на главниот град Минск. Портпаролот на полицијата Александар Турбан, открил дека била завиткана во целофан.
„Беше завиткана во целофан и покриена со лисја“, истакнал тој.
Осомничениот е Димитри В., кој се наоѓа во притвор.
Според истражителите, тие заедно живееле во стан и порано биле во врска.
Баљукина (31), била член на белоруската штафета 4 х 100 метри на Олимписките игри во Лондон, а во 2013 година добила забрана за учество поради употреба на допинг.
Работела како тренер додека не ѝ истекла забраната, сѐ додека не исчезнала.
Нејзиното тело било најдено покриено во шума во близина на главниот град Минск. Портпаролот на полицијата Александар Турбан, открил дека била завит