24-годишна девојка цела една година живеела со хируршка ножица во стомакот.
Кошмарот на Сесил започнал во ноември 2012 година, кога поради прекумерна тежина извршила операција на желудникот. Операцијата била извршена во болницата „Сант Луи“ во Париз, но веднаш по операцијата девојката почувствувала страшни болки во стомакот, посебно од десната страна.Еден месец по операцијата таа се вратила во болницата, но оттаму и рекле дека тоа е нормално. За да ја смири болката таа земала силни аналгетици, но тоа траело пет месеци и на десетина пати се враќала во болницата од каде и давале ист одговор.
Во април оваа година, таа побарала од својот матичен лекар да и напарави ехографија. Снимката открила страно тело, но без повеќе детали.
Овојпат болницата и направила скенер, при што лекарот и потврдил дека во стомакот има „метален предмет“. Таа веднаш била оперирана од истиот хирург, кој ја извршил првата операција, и ја извадил ножицата. Болницата ја признала грешката и и понудила обештетување од 5.400 евра.
Адвокатот на Сесил смета дека отштетата е несоодветна и побара назначување на независен експерт. Судот нема одлучено која ќе биде отштетата, а во меѓувреме париската болница се извини и тврди дека тоа било „ретка“ грешка, која досега не се имало случено во париските болници.Еден месец по операцијата таа се вратила во болницата, но оттаму и рекле дека тоа е нормално. За да ја смири болката таа земала силни аналгетици, н