„Бандата оперирала по градот Ротерхам, а била заштитена од полицијата, социјалните служби и сограѓаните. До сега никој од престапниците нема одговарано. Тие луѓе седеле во своите канцеларии, примале плата, знаеле што точно се случува и не преземале никакви чекори за да ги спречат. Тоа ги прави да бидат подеднакво лоши, ако не и полоши од криминалците“, вели Ема Џексон.Ема е една од жртвите на сексуалното злоставување кое со години се одвивало во Ротерхам, Англија.
Таа имала само 13 години кога прв пат била силувана. За жал, тоа не бил и последен пат. Според нејзиното тврдење, таа била под контрола на мажот кој што ја злоставувал. Би ѝ се јавил еднаш неделно и потоа ја присилувал да има сексуални односи со други мажи. Кога се обратила во полицијата ѝ било кажано дека доказите се загубени…
Грабнати и заробени
Професорката Алексис Џеј го изработи документот кој ја шокираше британската јавност, во кој се изнесени деталите за работата на престапниците.
Нејзиниот извештај тврди дека од 1997 до 2013 година, во Ротерхам се силувани повеќе од 1.400 девојчиња и тинејџерки, а престапниците се со пакистанско потекло.
Дел од девојчињата биле препродавани и проследувани во другите англиски градови, во рамките на добро разработениот прстен за трговија со луѓе.
„Ги полеваа со бензин и им се заканува дека ќе ги запалат. Им се закануваа и со оружје, ги тераа да гледаат брутални силувања, велејќи им дека тие ќе бидат следните доколку се осмелат да прозборат“, тврди Џеј.
Во 2010 година, полицијата уапсила петмина Пакистанци кои подоцна биле прогласени за сексуални предатори, но казните кои ги добиле се апсурдни.
Тогаш 24-годишниот Умар Разак добил 4 и пол години затвор, 30-годишниот Разван Разак единаесет години, а 21-годишниот Зафран Рамзан девет години. Адил Хусеин, кој тогаш имал 20 години и 21-годишниот Мосин Кан, кој бил советник во банка, добиле по четири години затвор.
Дел од девојките им се предале на пороците, додека други неколку пати се обиделе да извршат самоубиство.
Сведоштвата на девојчињата се поразителни, со оглед на тоа дека социјалните служби ги прогласувале за „безизлени случаи“ и дека сами се доведувале во таква состојба, па затоа голем број од нив завршиле во полоши услови.Ема е една од жртвите на сексуалното злоставување кое со години се одвивало во Ротерхам, Англија.
Таа имала само 13 години кога прв пат бил



