Комплетна плафонска конструкција тешка 350 килограми, која била поставена пред три месеци, се срушила и паднала на купите во училница во Основното училиште „Бора Станковиќ“ во Вучја, Лесковац.Спуштениот плафон од алуминиум и гипасени табли паднал во ноќта помеѓу 30-ти и 31-ви јануари во кабинетот за хемија и ги затрупал ученичките клупи.
Плафоните се реновирани и во други училници во училишната зграда. Началничката на Управата за опшествени односи Сузана Станковиќ вели дека постоеле гаранции за безбедност.
„Одговор на прашањето што и како се случило треба да дадат градежните експерти, од изведувачот до надзорните органи и комисијата за прием. Во ноември учениците влегоа во училници за кои имавме гаранција дека се безбедни“, објаснува Илиќ. На лице место вчера беа и градежни експерти, претставници на училишните власти и полицијата.
Зоран Здравковиќ, член на надзорната комисија од гратската Дирекција за урбанизам и изградба, претпоставува дека до рушење на плафонот дошло поради силен ветер.
„Кара-таванот е заменет со висечки плафон, со оригинални материјали и по сите прописи. Претпоставувам дека до рушењето дошло поради ветер“, рекол Здравковиќ.
Началникот на училишната управа Томислав Симоновиќ вели дека учениците нема да се враќаат на училиште се додека не се испита безбедноста во сите училници.Спуштениот плафон од алуминиум и гипасени табли паднал во ноќта помеѓу 30-ти и 31-ви јануари во кабинетот за хемија и ги затрупал ученичките клупи.