Цело време патам: Исповед на жената чии гради тежат 20 килограми!

43-годишната Рејчел Брукс од Велика Британија е мајка на 5 деца и со години има големи здравствени проблеми заради своите гради. Заради тоа тоа, има проблеми со самодовербата, а за се се виновни градите што тежат дури 19 килограми.Рејчел носи градник со големина 40М, а како што вели се до својата 16-та година воопшто не ни имала гради, но тие наеднаш пораснале до величина Е. Кога го родила петтото дете, нивната големина достигнала до 40М.
Во Велика Британија не постои доволно голем градник за неа, заради што морала да нарачува од Америка по цена од 120 фунти.
Лекарот се шокираше. Ми кажа дека ниедна жена не смее секој ден да носи толкав товар и ми предложи операција за смалување, но одбиена сум бидејќи индексот на телесната маса ми е превисок, раскажува Рејчел и додава дека и е речено дека мора да ослабне барем 44 килограми за да може да оди на операција. Губењето на килограмите не и оди од рака, а се обидува и да се помири со страшните болки низ кои минува.
Имам низа здравствени проблеми: Болки во грбот, вратот постојано ми крцка, држењето на телото ми е грозно и имам доживотни лузни од прерамките на градникот, раскажува очајната жена.
Освен сето тоа, Рејчел има и големи проблеми со самодовербата. Не била на базен 10 години, не сака да се фотографира и непријатно и е да се движи меѓу луѓето.Рејчел носи градник со големина 40М, а како што вели се до својата 16-та година воопшто не ни имала гради, но тие наеднаш пораснале до величина Е.

Пронајдете не на следниве мрежи: