ЦЕЛО ВРЕМЕ ПОГРЕШНО ГО ПОЛНИТЕ МОБИЛНИОТ: Еве зошто батеријата кратко ви трае!

Полнењето на литиум-јонската батерија од смартфонот во кратки интервали може да го подобри нејзиното траење, додека оставањето на телефонот да се полни и откако 100 проценти е наполнет, е лошо за неа.Ова е резултат од истражувањето спроведено од страна на Battery University. Истражувањето нуди увид како да се продолжи рокот на траење на батеријата со употреба на правилни методи за полнење, што значи дека вашиот уред може да помине повеќе време во функционално работење.
Начини за правилно полнење на батеријата
1. Немојте да го држите телефонот и понатаму на полнач ако целосно е наполнет
Истражувањето покажало дека е лошо оставањето на уредот да се полни откако веќе е 100% наполнет. Оставањето на наполнетата батерија на полнач предизвикува голем стрес за батеријата, што дополнително ја троши.
Исклучувањето на уредот од полначот откако ќе се наполни батеријата е исто како „опуштање на мускулите по тешка вежба“.
2. Не полнете секогаш до 100%
Литиум-јонските батерии не треба цело време да бидат целосно наполнети и тоа дефинитивно не е најдобра опција за одржување на батеријата.
„Подобро е да не се наполни батеријата до крај, бидејќи високата волтажа резултира со стрес за батеријата“ – се наведува во истражувањето.
Подобро е да се полни повеќе пати пократко, отколку еднаш до крај.
3. Редовно полнете го уредот
Батериите на смартфоните подобро реагираат на повеќе повремени полнења во текот на денот, отколку на едно долго полнење по испразнувањето.
Battery University наведе дека е најдобро да се полни батеријата секој пат кога ќе изгуби 10 отсто од своето траење. Но, бидејќи за многумина ова не е практилно, се советува мобилниот да го полните кога сте во можност да го сторите тоа.
Така батеријата ќе трае подолго.
4. Уредот нека стои на ладно
За да функионираат оптимално, батериите мора да избегнуваат екстремна топлина, а и самиот „Епл“ советува да го тргнете капакот од телефонот ако забележите дека се загрева при полнење.
„Посебно е важно да се избегне изложувањето на уредот на температури повисоки од 35 степени Целзиусови, кои можат трајно да го оштетат капацитетот на батеријата“ – наведе Епл.Ова е резултат од истражувањето спроведено од страна на Battery University. Истражувањето нуди увид како да се продолжи рокот на т

Пронајдете не на следниве мрежи: