Играњето Монопол многу често може да се претвори во повеќечасовна агонија која кулминира со општа караница меѓу сите играчи. Причината за оваа маратонска сесија е многу едноставна – погрешно играме монопол затоа што не мрзи да ги прочитаме правилата.
Неодамна, на интернет е покрената кампања која има за цел да им објасни на луѓето како правилно да ја играат оваа друштвена игра и најбитното правило, кое многумина воопшто не го читаат и кое служи играта да не се претвори во војна, објавиле на Твитер мрежата.
Правилата на Монополот наложуваат дека кога играчот ќе застане на некое поле кое не е купено и не сака да го купи, банката мора одма да го стави на аукција. Целта на ова правило е полињата побрзо да се продаваат и така да се забрза играта.
Но, многу играчи го прескокнуваат ова правило, мислејќи дека полето ќе биде достапно се додека некој друг играч не стапне на него, кое што може да се случи часови подоцна.
Според официјалните правила кои ги објави производителот Hasbro, полето кое играчот нема да го купи, банката мора да го продаде на аукција,која може да започне со било која цена.
Играњето Монопол според правилата значително ја забрзува играта, зголемувајќи ја интеракцијата помеѓу играчите.
Уште едно правило кои многумина го занемаруваат е тоа дека е забрането да се гради повеќе од еден хотел.
Најдолгата партија на Монопол траела дури 70 часа.Играњето Монопол многу често може да се претвори во повеќечасовна агонија која кулминира со општа кар