Рада Манојловиќ се смири со Мирсад Берковиќ, таткото на Харис Берковиќ. Како што дознаваат српските медиуми, во нивниот однос сега се е толку добро што пејачката го примила свекорот и во својот дом. Така сега Мирсад кога престојува во Белград, целото врме го минува кај снаата на Врачар.
„Рада многу го сака Харис и поради него е подготвена на се. Затоа премина и преку грдите зборови кои со месеци ги трпеше од неговиот татко. Мирсад од самиот почеток беше противник на нивната врска, му пречи тоа што Рада е постара 9 години од неговиот син, но сега конечно дојде се на свое место. Виде колку се сакаат, па на крај ја прифати Рада како девојка на Харис“, наведува изворот и додава:
„Недела дена пред Харис да замине во Америка, Рада се сретна со Мирсад на снимање и тука разговараа за семејните проблеми. Берковиќ ѝ се извиил на својата снаа поради непријатните ситуации“, нагласува соговорникот.
И самата Рада ги потврдела овие сознанија.
„Секако дека се е во најдобар ред. Нема причина да не биде“, заклучила Рада. Така сега Мирсад кога престојува во Белград, целото врме го минува кај снаата на Врачар.
„Рада многу го сака Харис