Целосна реконструкција на училиште во Радожда и на градинка во Бучин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со министри од повеќе ресори и градоначалници денеска ги анализираа досега спроведените активности за исполнување на барањата од жителите од повеќе општини при посетите од владини функционери, и предлагаа решенија за побрза реализација на проектите.Меѓу многубројните проекти од сите ресори, се зборуваше и за исполнување на барањата на родителите за реконструкции на градинка и училиште.
Имено, при посетата на Груевски во Радожда граѓаните побарале санирање на училиштето. Заменик минстерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешниот состанок истакна дека иако тие барале помала санација, екипи на МОН направиле увид и, иако не било во план, била донесена одлука тоа целосно да се реконструира – санитарии, столарија, кров…  Реконструкцијата ќе се одвива во летниот период на 2017 година кога децата ќе заминат на распуст.

Жителите на Бучин побараа нова градинка или дневен центар. Денес министерот Диме Спасов на состанокот информираше дека со пари на општината ќе се реновира во целост, а МТСП ќе го финансира опремувањето на оваа градинка која ќе ги згрижи дечињата.
Меѓу многубројните проекти од сите ресори, се зборуваше и за исполнување на барањата на родителите за реконструкции на градинка и училиште.

Пронајдете не на следниве мрежи: