Целосно е изгаснат пожарот во Струга

Целосно е изгаснат пожарот во кој денеска напладне изгореа пет куќи во старото градско јадро, во центарот на Струга.Командирот на Противпожарната единица во Струга Минир Мамуди информира дека екипи се на терен и ја следат состојбата. Според него, три куќи целосно се изгорени, а две се опожарени.
– Во моментот има само чад. Целосно изгореа три стари куќи во кои никој не живее, а две се опожарени. За среќа нема повредени, изјави Мамуди.
Граѓани очевидци изјавуваат дека се запалила некоја од старите куќи по што пожарот се проширил на другите. Проблем во гаснењето, велат, е ограничениот пристап зашто многу несовесни граѓани ги паркираат автомобилите и противпожарните возила не можат да интервенираат.
Гаснењето на пожарот беше отежнато поради тесните улички и збиената архитектура. Во гаснењето учествуваше цела екипа на Територијалната пожарна единица во Струга екипи од Охрид,  Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и локалното население.Командирот на Противпожарната единица во Струга Минир Мамуди информира дека екипи се на терен и ја следат состојбата. Според него, три куќи целосно

Пронајдете не на следниве мрежи: