Ова е 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и десетти пат по ред мнозинството граѓани гласаа и со најголем број гласови го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и нашата програма, визија, тим и начин на кој работиме и сакаме да продолжиме да работиме. Ќе работиме оваа подршка да ја оправдаме и да не ги изневериме, додаде Груевски заблагодарувајќи се на сите гласачите, како и на членството на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на сите партии во коалицијата.Следува процес на формирање коалиции и влада, додаде Груевски.-Кризата мора да заврши и Македонија мора да оди напред, тоа ќе биде наша цел овие денови и недели- оцени Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија секогаш ќе бидат со народот со граѓаните и ќе работат во корист на државните и националните интереси, нагласи Груевски
-Како и да се свртат работите, што и да се случува, ова го кажуваме и пред, а сакам да го кажам и после изборите, дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и ќе остане на линијата на државните и национални интереси и во корист на граѓаните на Република Македонија- порача Груевски.Следува процес на формирање коалиции и влада, додаде Груевски.-Кризата мора да заврши и Македонија мора да оди напред, тоа ќе биде наша цел овие де