Цената на нафтата на меѓународните берзи се најде во средата под притисок од прогнозите за послаб раст на потрошувачката во оваа година. На лондонската берза барел нафта денеска се продава по цена од 109,78 долари, а на американската се тргуваше по цена од 92,86 долари. Нафтените берзи ги притисна благиот песимистички извештај на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) во кој се проценува дека производството во САД ќе биде доволна заштита од повеќето можни шокови во снабдување. Организацијата на држави извознички на нафта (OPEC) во редовниот извештај ја потврди прогнозата за раст на глобалната побарувачка и очекува раст на побарувачката за 840.000 барели дневно во оваа година. Притоа се предупредува дека растот на побарувачката би можел да биде послаб од прогнозите поради економските слабости и највисокото ниво на снабдување од САД во изминатите три децении. Од OPEC очекуваат американската економија да порасне за 1,7 отсто во 2013 година, во однос на претходно проценетите 1,8 отсто. Еврозоната по новите прогнози би требало да забележи пад на економските активности за 0,2 отсто во однос на претходно очекуваниот благ пад од 0,2 отсто. Неизвесните прогнози за европскиот економски раст, загриженоста дека централната банка би можела да ги отстрани мерките на ублажување на монетарната политика и стравувањата поврзани со неизедначеното кинеско закрепнување ја спуштија цената на нафтата на лондонската берза за околу 10 долари во однос на нивото во февруари. „За азиските берзи во развој прогнозите се нешто помалку позитивни, со водечките индикатори кои укажуваат на побавен раст во Кина и Индија“, се вели во извештајот на JBC Energy. „Се чини дека ризиците за цената за нафтата се мошне ограничени“, констатира Тетсу Емори од Astmax Investments, оценувајќи дека цената на нафтата го допрела дното и дека следи нејзино закрепнување. OPEC на својата интернет страна извести дека цената на референтната кошничка на барел негова нафта во вторникот изнесувала 106,51 долари, што значи дека била за 45 центи пониска од претходниот ден.
МакфаксЦената на нафтата на меѓународните берзи се најде во средата под притисок од прогнозите за послаб раст на потрош