Цената на барел нафта во петокот на лондонската берза одново се врати на ниво од на 114 долари, со оглед дека инвеститорите ги охрабри подобрената деловна клима во Германија.На лондонската берза барел нафта денеска поскапе за 1,26 долари, на 114,79, додека на американската берза незначително зајакна на 92,94 долари, по вчерашното најниско ниво во последните шест недели.Германскиот индекс на деловна доверба забележа најголем скок во февруари за повеќе од две години, објави минхенскиот институт Ifo, укажувајќи на цврсто закрепнување на најголемата европска економија по негативниот резултат на крајот од 2012 г.Цените на нафтата во четвртокот силно ги притисна загриженоста дека американската централна банка Фед ќе ја укине програмата за купување на обврзници пред очекуваното, како и најавата дека Саудиска Арабија би можела да го зголеми производството на нафта.Нафтените пазари денеска ги поттикна и зголемената напнатост помеѓу Западот и Иран во пресрет на разговорите за иранската нуклеарна програма во наредната недела. Аналитичарите не очекуваат голем напредок.Иран би можел да се соочи со нови санкции бидејќи американските законодавачи работат на носење закони со цел на Европската централна банка да и оневозможат соработка со иранската влада.Дел од аналитичарите сметаат дека не постојат шанси за долгорочен раст на цената на нафтата, освен во случај на одреден геополитички шок.
МакфаксЦената на барел нафта во петокот на лондонската берза одново се врати на ниво од на 114 долари, со оглед дека инвестит