Цената на барел нафта остана во средата речиси непроменета со оглед дека изгледите за зголемено производство до Саудиска Арабија го неутрализираа оптимизмот во врска со закрепнување на светската економија и подобрените изгледи за побарувачката.На лондонска берза цената на нафтата остана речиси непроменета на 117,48 долари, а на американската берза барелот поскапе за 31 цент и се продаваше по 96.97 долари.Се очекува Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на сирова нафта, да го зголеми производството во второто тромесечје оваа година со цел да ја задоволи зголемената кинеска побарувачка и да поттикне економско закрепнување во останатите земји, соопшти изворот од нафтената индустрија, без да прецизира за колку ќе се зголеми производството.Во последните два месеца од 2012 година Саудиска Арабија остро го намали производството, за околу 700.000 барели дневно, за да намали вишокот на понудата и да ја поттикне цената на нафтата.„Благодарение на солидните изгледи за зголемување на производството од Саудиска Арабија поголема е веројатноста дека ќе бидеме сведоци на надолен тренд, откако ќе се пробие актуелниот тесен распон во тргувањето“, вели Кристофер Белју, од лондонски Jefferies Bache.Од почетокот на февруари со нафтата се тргува во тесен распон од 115 до 119 долари за барел, а дел од аналитичарите очекуваат таквиот тренд да продолжи уште извесно време.„Цената на сировата нафта е крената високо и потребна е некоја крупна причина за таа да надмине 120 долари за барел“, вели Белју.
МакфаксЦената на барел нафта остана во средата речиси непроменета со оглед дека изгледите за зголемено производство до Саудис