Цената на нафтата во пад

 Цената на барел сирова нафта се спушти во четвртокот на лондонската берза кон 114 долари под притисок од стравувањата дека американската централна банка би можела да ги укине стимулативните мерки пред очекуваното.На лондонската берза цената на барел сирова нафта падна за 1,28 долари на ,114,32 долари, а вчера заврши во минус од 1,92 долари, на 115,60. Трендот на падот продолжи и во електронското тргување по затворањето на берзата.На американската берза цената на нафтата исто така ослабна за 1,28 долари, спуштајќи се на 93,94 долари. Вчера цената за терминските договори за испорака во март загуби на вредноста за 2,2 долари, паѓајќи на 94,46. Цената на испораката за април се намали за 1,88 долари, на 95,22 долари.Вчера цените на нафтата го забележаа најголемиот дневен пад годинава откако проструија шпекулации дека еден хеџ фонд е присилен да ги ликвидира позициите, иако немало доволно докази за ликвидација на поединечен фонд.„Вчера дојде до голема распродажба, не само на берзите на нафта туку и на останатите берзи“, рече Тони Махачек од лондонски Jefferies Bache. Тој не ја исклучи можноста цената на нафтата да се спушти и на 113 долари за барелОд средината на декември хеџ фондовите и други големи шпекуланти двојно ги зголемија своите шпекулации со растот на цената на нафтата, натрупувајќи ги позициите во терминските договори за испорака на нафта на лондонската и американската берза на околу 440 милиони барели нафта, покажуваат податоците на регулаторите.„На лондонската берза претерано се купуваше поради огромниот интерес на инвеститорите, геополитичкиот ризик и оптимистичкото расположени во врска со макроекономијата, иако краткорочните фундаментални фактори едноставно не го оправдуваат континуираниот раст на цената над ниво од 120 долари“, рече Андреј Кјаченков од лондонски VTB Capital.Загриженоста во средата дополнително ја зголеми објавениот записник од состанокот на одбор за монетарна политика на Фед, кој поттикна сомневање дека американската централна банка би можела порано од очекуваното да ги укине мерките за поттик на економијата.Инвеститорите на нафтените берзи ги онерасположи и завчерашната изјава на извор во нафтената индустрија дека водечкиот светски извозник на нафта Саудиска Арабија би можела да го зголеми производството.
Макфакс Цената на барел сирова нафта се спушти во четвртокот на лондонската берза кон 114 долари под притисок од стравув

Пронајдете не на следниве мрежи: