Цените на билетите во ЈСП се намалуваат со воведување на електронските картички

Цените на билетите за јавниот превоз во Скопје ќе се намали со воведувањето на електронските картички.Намалувањето на цените се случува во речиси сите видови на возења, а покачување на цената нема во ниту еден од случаите на плаќање.
-Повеќе од 6 месеци екипи на Град Скопје и екипи на ЈСП работеа на системот на електронски картички, и во скоро сите вид на κаρтички  има намалување на вредноста и во месечната и во годишната, подвлече денеска градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Во месечната е минус 60 денари, а во годишната минус 660 денари. Покрај тоа воведени се сезонски картички,6 месечни картички, а во основна се намалуваат цените на возењата доколку граѓаните се возат со електронска картичка.
-Сега граѓаните ќе имаат една огромна погодност, а тоа е кога се префрлуваат од еден во друг автобус за да стигнат до одредена дестинација, ако треба да платат дупла карта, сега со новиот систем со една картичка ќе може да се возат во двата автобуси, а со тоа практично се врши намалување за дупло плаќање на картата доколку се врши едно префрлање. А доколку има две префрлања цената се намалува за три пати. Тоа е огромна погодност поради тоа што многу граѓани имаа проблем со овој тип на возење, истакна Трајановски.
Директорот на ЈСП, Игор Јанушев даде детално објаснување за новите цени на билетите и поволностите кои што произлегуваат од плаќањето со електронска картичка.
-Апсолутно не станува збор за зголемување на цените туκу категорично тврдам дека буквално секоја цена на билетите кои што се во употреба се намалува. Исто така воведуваме една палета на нови билети се со цел да им овозможиме на граѓаните подобро и поефикасно користење на јавниот превоз, истакна Јанушев.
*Цената за едно возење останува 35 денари, при што се прави унификација со цената на возењето во приградските линии.  Картата за приградските линии чинеше 40 денари, а сега се намалува на 35 денари.
*Билет за ноќно возење, цената останува иста, односно 40 денари;
*Месечен билет, цената е намалена за 60 денари во прва зона (од 1460 на 1400 денари), односно 80 денари за двете зони (од 1680 на 1600 денари);
*Годишен билет, цената е намалена за 660 денари (од 16.060 на 15.400 денари). Исто така, годишниот билет ќе биде со важност од 12 месеци од моментот на купување на истиот.
Она што се однесува на годишниот билет е тоа што, до стартувањето на овој систем годишниот билет важеше до завршеток на календарската година, односно ако го извадите билетот во јануари или во мај истиот важи само до 31 декември во тековната година. Со новиот тарифник, без разлика дали ќе извадите годишен билет во јануари или мај истиот ќе важи една календарска година од моментот на вадењето.
Јанушев информираше дека се планира воведување и на нови типови на билети, и тоа:
*Временски билет за 90 минути (менување на автобуси), цената ќе изнесува 60 денари, што значи дека со промена на 3 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 20 денари; за промена на 4 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 15 денари итн;
*Дневен билет за прва, односно двете зони ќе биде 120/150 денари во зависност од зоната, што значи дека доколку некој се вози во просек 5 пати во денот, просечната цена на билетот ќе изнесува 24, односно 30 денари од возење;
*3 месечен билет ќе изнесува 4.000 денари за прва зона, односно 4.500 денари за двете зони или во просек би чинело 21,62 односно 24,32 денари по возење. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и 3 билети за жичарница и лифт во два правци;
*6 месечен билет ќе изнесува 7.800 денари за прва зона, односно 8.600 денари за двете зони или во просек би чинело 21,67 односно 23,89 денари по возење;
Сите овие билети откако ќе се имплементира овој систем веќе нема да ги има во хартиена форма и единствено нешто кое што ќе може да се користи во градскиот превоз се неперсонализираната картичка и персонализираната картичка.
-Секој оној кој што редовно го користи јавниот градски превоз е потребно да поседува ваква електронска картичка и со стартувањето на овој проект од август месец, напоменуваме и ги замолуваме сите граѓани да ги извадат овие картички за да можат да го користат градскиот превоз, појасни Јанушев.
Видеото е превземено од првата македонска интернет телевизија Македонија24. Намалувањето на цените се случува во речиси сите видови на возења, а покачување на цената нема во ниту еден од случаите на плаќање.
-Повеќе

Пронајдете не на следниве мрежи: