Цените на нафтата се спуштија, IEA ја снижи прогнозата за побарувачка

Цената на нафтата благо падна во средата откако Меѓународната агенција за енергетика (IEA) ја снижи прогнозата за побарувачка, пригушувајќи го оптимизмот во врска со светската економија кој во минатата недела ја турната цената на нафтата на највисоко ниво за девет месеци.Цената на барел нафта на лондонската берза незначително се спушти, на 118, 56 долари, а на американската берза благо се намали на 97,64 долари.IEA ја намали прогнозата за побарувачката за нафта во оваа година за 90.000 барели дневно, што ја спушти цената на нафтата од вчерашното високо ниво, што се должеше на оптимистичките проценки на американската влада и на Организацијата земји извознички на нафта (OPEC).OPEC ја зголеми прогнозата за потрошувачката на нафта за оваа година за 80.000 барели дневно, додека американската влада процени дека растот на побарувачката ќе изнесува 110.000 барели повеќе од претходните очекувања.„Ме изненади растот на цената, со оглед дека основните фактори не го оправдуваат. Гледаме дека прогнозата на побарувачката е намалена и дека цената на нафтата би требало да падне за осум до десет долари“, смета Andy Sommer од швајцарски Dietikon.Инвеститорите исто така ги следат и валутните пазари, кои се во исчекување на состанокот на министри за финансии и челниците на централните банки на групата Г20, поради зголемената напнатост поврзана со слабеење на јенот и јакнење на еврото.OPEC на својата интернет стана објави дека референтната кошничка на негова нафта во вторникот изнесуваше 114,3 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот ден.
МакфаксЦената на нафтата благо падна во средата откако Меѓунаро

Пронајдете не на следниве мрежи: