Центарци до Жерновски: „Го погазувате сопствениот збор“

Советниците од СДСМ во Центар и првиот човек на општината Андреј Жерновски, кои беа жестоки критичари на изградбата на спомен-обележја, сега тргнуваат по стапките на ВМРО-ДПМНЕ- носат одлука за изградба на нови споменици во централното градско подрачје.Непосредно по локалните избори, Жерновски категорично порача дека поставените споменици биле последното нагрдување на Центар и повеќе немало да се поставуваат спомен обележја без да се прашаат граѓаните. Но, сега го смени својот став.
Центарскиот градоначалник си го погази сопствениот збор и од жесток критичар на изградбата на спомен-обележја, без да ја информира јавноста и без да ги праша граѓаните, конспиративно носи одлука за поставување на 6 нови споменици во Центар.
На градоначалникот на централната скопска општина очигледно не му се доволни поставените спомен-обележја. Додека пак, мислањата на граѓаните се различни, ова се нивните коментари:
-Во општина Центар дефинитивно е добро што се изгради нешто ново, на Центар му требаше разубавување и општо на Скопје, но ова што го прави градоначалникот Жерновски според мене е една обична копија на минатиот градоначалник на Центар Тодоровиќ. Веројатно Жерновски нема агенда, нема план за работа па бидејќи се приближуваат избори се обидува да покаже дека нешто и он сработил. Тие неколку споменици што вели дека ќе ги изгради, според мене е негативно за него. Викаше дека спомениците што ги имаме се многу па дури и дека некои треба да се рушат. Така што, Жерновски е многу контрадикторен, но ние се навикнавме на тоа. Не можам да прифатам дека ова е негов проект, повеќе мислам дека ова е нешто што он пробува да го искористи во негова полза чисто за политички поени и ништо друго.
-Мислам дека треба да продолжат да се градат уште споменици. Јас и во минатото сакав да се градат соменици, но може и сега да се градат. Го поддржувам градоначалникот Жерновски да продолжи да гради споменици како што градеше и неговиот претходник Тодоровиќ.
-Во општина Центар се изградени доста споменици и убаво е да ги гледаме. Жерновски ја критикуваше власта дека премногу пари се трошат на споменици, меѓутоа самиот тој сега сака да гради, па јас би му препорачала да не си го погазува зборот. Кога веќе собрал пари за споменици нека ги искористи за некои проекти за граѓаните.
-Мислам дека спомен обележја никогаш не се доста, меѓутоа малце е лицемерно од општинската власт бидејќи таа велеше дека ќе ги руши сите споменици. Можеби ова е сега еден вид признание дека се што правеше централната власт е успешно.
-Ова што го прави Жерновски е нелогично зато што минатите избори „фрлаше“ со камења со дрва по спомениците, а сега истиот тој Жерновски ќе гради споменици. Самиот си го погазува својот збор.
Инаку, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше воздржано за предлозите на советниците од СДСМ и Андреј Жерновски за поставување нови спомен одбележја во општина Центар, од едноставна причина што не се согласува со понудената листа.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Центар велат дека немаат ништо против тоа што СДСМ и Жерновски одлучиле да постават шест нови спомен одбележја во Центар, но сметаат дека нема потреба од повторување.
За нив нема апсолутно ништо спорно во тоа да им се изгради спомен одбележје на истакнати историски личности или значајни историски настани.
-Конкретно, поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров веќе има свое спомен обележје во рамки на споменикот на АСНОМ поставен спроти Собранието на Република Македонија. Исто така сметаме дека во Центар постојат и други личности и традиции кои заслужуваат да бидат одбележани, но за тоа мора да се дискутира, а не одлуките да се носат конспиративно и подалеку од очите на јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, јавноста треба да знае зошто Жерновски и советниците од советничката група на СДСМ одлучија да се градат спомен одбележја на „Играчи на Фанта“ и „Железничката колонија“.
– ВМРО-ДПМНЕ не ја спори одлуката да му се изгради спомен одбележје на „Кројач Ангелковски“, но треба да се размисли и за изградба на спомен одбележја на и други личности кои оставиле печат во живеењето на Скопје и кои заслужуваат ист третман како и „Играчите на Фанта”, додаваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.Непосредно по локалните избори, Жерновски категорично порача дека поставените споменици биле последното нагрдување на Центар и повеќе немало да се

Пронајдете не на следниве мрежи: