Многу ветено а малку реализирано! Ова е реченица со која може да се поистоветува работењето на Жерновски за подобро живеење на ѓраганите на Општина Центар.Населба Пролет е една од најстарите урбани населби во општината која е специфична токму поради автентичноста на зградите што се во неа. Жерновски уште во 2013 година пред сите жители во таа населба имаше презентација како еден од приоритетите во неговиот мандат за тоа како ќе изгледа ова маало со целосна замена на дотраените фасади. За жал и после три години од ова убаво ветување нема никаква реализација. Станарите на две згради уште на 17.07.2013 година имаат склучено договор со Општина Центар за реконструкција на фасадите на зградите. Услов кои требаше да го исполнат станарите за започнување на реконструкција беше замена на вратите и прозорците на целата зграда, во домовите и влезовите. Многу станари од финансиска неможност земале кредити и позајмица за да може да ги решат овие барања на Општината и да почне реконструкцијата на фасадите, но сѐ уште нема ништо од сето тоа.
-„Градоначалникот Жерновски ни вети дека ќе ги замени дотраените фасади во цела населба и дека нашата зграда ќе биде прва. Но за да се реализира тоа не условија да ги смениме надворешните врати на влезовите со алуминиумски, прозорите со PVC, со дамафони пред влезовите и влезовите да се искречат. Од три понудени фирми ја одбравме најповолната понуда и сеуште плаќаме рати од договорот то го склучивме, а од фасадата нема ништо. Помош побаравме и од советничката Елена Петковска, која потекнуваа и живее тука во ова маало. Таа на советнички прашања во два наврати му се обратила на Жерновски, на што тој минатата година дал ветување дека оваа година ќе ги направат а пред некој месец исто така на советнички прашања одговорил дека ќе ни прави надградби.“-револтирано кажува станарот на една од зградите.
„Не сакаме никакви надградби, си ја сакаме фасадата која ја добивме како ветување и ја чекаме повеќе од две години.“
Жителите на оваа населба се жалат дека навистина имаат проблем со дотраените фасади, постојано паѓа малтерот од зградите и среќа голема што досега никој не бил повреден.
Апелираат до градоачалникот да си остане доследен на ветувањата и да се позанимава со целата населба, како што му беше првичното излагање и ветување дека населба Пролет ќе ја направи населба како од бајќите. Наместо бајка, овие жители сѐ уште имаат глетка на своие згради полоша од било кога.Населба Пролет е една од најстарите урбани населби во општината која е специфична токму поради автентичноста на зградите што се во неа. Жерно