Имено, лиценцата е одземена поради фактот дека обемот на сомнителни трансакции на банката во 2013 година достигнал девет милијарди рубљи.„Менаџментот на Атлас банка од Москва ги презема сите неопходни мерки и дејства за спроведување на препораките од Централната банка до крај. Помеѓу останатото, до средината на минатата година, разрешени се двајца најодговорни функционери на банката во Москва, а сето тоа поради желбата да го искажеме нашето определување при решавањето на деликатни прашања“, наведува Атлас банка.
„Атлас банка ќе ги преземе сите потребни чекори кои се во склад со руските и меѓународните закони, со цел да ја заштити својата инвестиција во Русија“, наведуваат од банката.
Како што заклучуваат, Атлас банката на Црна Гора ќе мора да им даде целосна поддршка на сите клиенти од нивната банка во Москва, а исто така ги уверуваат своите клиенти во Црна Гора дека на брз и ефикасен начин ќе ги пружаат своите банкарски услуги од својата понуда.
Ваквата одлука на Централната банка на Русија се поврзува со потегот на Црна Гора која неодамна донесе одлука да и воведе санкции на Русија.„Менаџментот на Атлас банка од Москва ги презема сите неопходни мерки и дејства за спроведување на препораките од Централната банка до крај.