Уште колку европски закони за медиуми треба да донесе Македонија за да биде доволно? Зарем досегашниот закон не беше доволно европски? Kако и сите други, и досегашниот закон беше во согласност со европските норми. Беше со европско знаменце, по европски директиви и препораки. Разгледан и одобрен од европски консултанти и европски експерти. Оценет со добри оценки, според европските критериуми. И?Сега истиот закон треба повторно и повторно да го менуваме. Kако? Па, да биде уште поевропски. Толку европски, што таков закон нема никаде во Европа. Европски закон, каков што нема во ниту една земја-членка на ЕУ. Европско решение, кое никаде досега не е применето.
Ни се нуди нешто што самите земји-членки на ЕУ не го применуваат. Можеби некои од парцијалните, поединечните решенија постојат некаде, но не како целина што сега ни се нуди и предлага. Затоа, треба да се пристапи отворено и конструктивно. Доследно и принципиелно. Што е решението?
Македонија да усвои закон за медиуми каков што има во која било од 22 земји-членки на ЕУ. Значи, да најдеме некоја земја-членка на ЕУ, и да го преведеме законот од првата до последната буква. Европски. Од првата до последната буква нека биде европски законот. Нека биде како во Германија, Италија, Холандија, Данска, Полска, Чешка, Романија, Бугарија, Грција, Шпанија, Словенија… Значи, да го преведеме целиот закон и да го изгласаме.
Зарем ова не е фер пристап од наша страна? Зарем ние не заслужуваме европски закон каков што имаат другите земји? Или, ние сме нешто поинакви?! Да не сме можеби недоволно добри за такви закони? Дали некој смета дека можеби ние во Македонија не заслужуваме европски закони, ама да бидат навистина европски, какви што се во ЕУ-земјите. Или, треба да спроведуваме експерименти кои никој и никогаш не ги спровел во Европската Унија.
И што е со довчерашниот европски закон што го гласавме една година претходно? И годините пред тоа? И еден куп закони во текот на сите овие години? Зарем тогаш не гласавме европски закони?
Заклучокот е јасен и сите го знаеме. Има некои работи и феномени што сите ги знаеме и гледаме, што се очигледни. Се работи за ситуација во која ние се бориме за јасни европски решенија, а некој ни нуди свои предлози, чудни агенди и закони какви што нема никаде под европски превез, со европско пакување.
Но, барем можеме тоа да го забележиме и да го видиме. Гледаат и граѓаните. Гледаат и заклучуваат. Оценуваат. Анализираат. И гледаат дека вистински, доследно и принципиелно се бориме за европските вредности и за европско законодавство, но такво што реално е спроведено и донесено во некоја земја на ЕУ.
Истото може да се каже и за јавниот сервис, односно за МТВ. Треба да се види решение како тоа е уредено во земјите во ЕУ и истото да се примени и тука. Така беше и досега. Очигледно на некој не му одговара сето тоа. Но, треба да се продолжи да се инсистира и во овој дел на конкретни европски решенија, а не да се турка нешто што го нема во ниту една земја.
Македонија не бара ништо повеќе од тоа што го имаат другите, но истовремено не може и не сака да се согласи на нешто помалку. Тоа е фер однос, на партнерски односи. Тоа е принципиелен пристап, а не туркање на агенди кои во суштина се антидемократски, антипазарни и против слободата на говорот, против слободата на изразувањето и против можноста да се коментира. Тоа се важни, фундаментални теми за секое општество. Тоа се придобивки кои се извојувани во текот на векови и децении. Буквално во текот на векови и децении. А денес?
Зарем денес новинарите треба да стравуваат каков прилог ќе направат? Дали нешто ќе искоментираат? Или, ако погрешно се изразат? Зарем секој прилог на вести треба да го прават со законот во другата рака? Зарем пред секое одење на работа ќе треба по 5 пати да го читаат законот што некој го смислил, па да мислат, оценуваат и размислуваат што смеат, а што не смеат да кажат?
Зарем така не влегуваме во зоната на автоцензурата? Зарем ќе се формираат тела што ќе гледаат снимки од вестите, а по тоа ќе оценуваат што било подобно, а што е неподобно? Што е „на линијата“, а што е појава што треба да се „сузбие“? Тоа ли е слобода на говорот? Тоа ли е слобода на изразувањето? Тоа ли е либерален концепт? Тоа ли е демократски? Тоа ли се идеалите на слободните општества?
Не. Тоа се некои концепти кои не припаѓаат на денешните времиња и денешната слобода. Тоа се концепти кои ограничуваат, сузбиваат, цензурираат. Тоа се концепти кои Европа одамна ги има отфрлено и добро е што е тоа така. Македонија сака да биде во ЕУ и сака да биде дел од Европа. Со европски закони, со европски решенија. Не може и не треба Македонија да се присилува на законски решенија кои ги нема никаде.
За крај, за целата демократска јавност треба да биде предупредување предлогот на СДСМ за медиумите. Се работи за длабоко, длабоко антидемократски предлог. Се работи за воведување нов комунистички режим, за нов тоталитаризам врз медиумите. Се работи за нова подобност или неподобност која ќе ја воведува и оценува самиот СДСМ, како врховен арбитер, како кадија и судија, како главен и одговорен уредник.
Тоа е истиот оној СДСМ кој напаѓа новинари или организира хајки против новинарите на „Сител“, на „Kанал 5“, на „Вечер“, на „Дневник“, на МТВ, на „Алфа“, на „Kурир“… Оние кои кршат автомобили, кои насилно влегуваат во радиостаници, кои свиркаат на прес-конференции, кои шиканираат цели семејства и редакции, кои секој ден и секаде се закануваат.
Тоа се нашите локални Црвени кмери, нашите мали диктаторчиња од нашиот СДСМ, кои толку добро ги гледаме и знаеме. Но, ќе помине и ова. Лузерите од СДСМ повторно ќе загубат. Ќе бидат поразени од народот, на кој што веќе му објавија војна. Џабе им се сите циркуси кои ги приредуваат на оваа напатена држава.
Влатко Ѓорчев за ДневникСега истиот закон треба повторно и повторно да го менуваме. Kако? Па, да биде уште поевропски. Толку европски, што таков закон нема никаде во Европ