Чешка сака ново и полесно име

Наместо Чешка Република (Česká republika), земјата да се нарекува едноставно Чешка или „Česko“. Околу ова мислење се сложија високите државници.„Одлуката за промената е донесена, бидејќи во минатото имаше забуни за името на земјата“ – коментира министерот за надворешни работи на земјата Љубомир Заоралек.
Во официјално соопштение, лидерите објаснуваат дека промената се бара поради честите случаи во кои името се изрекува погрешно, дури и за време на официјални настани во странство.
Во 2013 година, на пример, проблемот со долгото име на земјата дури стана тема на разговор меѓу претседателот Милош Земан и тогашниот негов израелски колега Шимон Перес:
„Ја користам зборот `Чешка` бидејќи звучи подобро и е пократок од Чешка Република“ – му рекол Земан на Перес за време на официјалната посета на Израел.
Во официјалното соопштение, лидерите на државата велат: „Ја препорачуваме употребата на име од еден збор на туѓ јазик, кога не е потребно да се користи официјалното име на земјата при спортски настани, пазарни цели и слично.“
Токму од таа причина лидерите се надеваат промената да се случи пред почетокот на Олимписките игри ова лето.
Државни претставници веќе се на пат да побараат од ОН да го променат името на земјата во базата на податоци со географски имиња.
Според Би-Би-Си, зборот „Czech“ е придавка и не може правилно да се користи како име на земјата.„Одлуката за промената е донесена, бидејќи во минатото имаше забуни за името на земјата“ – коментира министерот за надворешни работи на

Пронајдете не на следниве мрежи: