Чешкиот претседател го прогласи американскиот амбасадор за непожелен во претседателскиот двор

Чешкиот претседател го прогласи американскиот амбасадор за непожелен во претседателскиот двор затоа што како претставник на САД си дозволил да ја критикува неговата најава за посета на Москва.Претседателот Милош Земан жестоко го нападна американскиот амбасадор во неговата земја Ендру Шапиро и го прогласи за непожелен во својата канцеларија затоа што ја критикувал намерата на Земан да отпатува во Русија на пролсавата на 70-годишнината од крајот на Втората светска војна.
– По таа изјава, вратата на дворецот во Прага е затворена за амбасадорот Шапира – рекол Земан.
– Не можам да замислам дека чешки амбасадор во Вашингтон би му делел совети на претседателот на САД каде да патува. Не дозволувам некој амбасадор да ги планира моите патувања – рекол чешкиот претседател.
Шапиро кон крајот на минатиот месец изразил чудење за намерата на Земан да отпатува во Москва. Според амбасадорот, Земан би можел да биде единствениот челник на некоја земја членка на ЕУ на прославата во Москва.
– Тоа е малку незгодно – рекол амбасадорот, додавајќи дека не е негова работа да зборува на чешкиот претседател што треба да прави.
Според грчките медиуми, на прославата во Москва на 9 мај, покрај Земан, ќе бидат и највисоки претставници на Грција и Кипар.Претседателот Милош Земан жестоко го нападна американскиот амбасадор во неговата земја Ендру Шапиро и го прогласи за непожелен в

Пронајдете не на следниве мрежи: