Насекаде во светот, сѐ повеќе луѓе се будат духовно, доживуваат промени и натрупување на духовно искуство, кое не секогаш може јасно да се разбере.Ви претставуваме 5 знаци кои јасно покажуваат дека се наоѓате во процесот на духовно будење.
Чувствувате една обновена врска со нештата околу вас
Од Бог до природата, луѓето околу вас и човештвото како целина, чувствувате едно ново чувство за врска со работите кои се случуваат околу вас и во општеството како целина. Чувствувате повеќе љубов, радост, надеж, оптимизам. Чувството дека сте важен дел од глобалната слика.
Поставувате прашања поврзани со вашата духовност и идентитет
Кога станува збор за обновување на врската со Бога, многу луѓе почнуваат да стануваат љубопитни за светот на духовноста и почнуваат да ја чувствуваат својата вера. Нашите инстинкти нѐ тераат прво да се насочиме кон работите кои ги познаваме. Тоа значи дека многу луѓе доживуваат духовно будење како обновен интерес кон својата вера, бидејќи верата е нешто што веќе го познаваат. Со текот на времето процесот на духовно будење се засилува и во главата почнуваат да влегуваат нови идеи, увид и верувања.
Тешкотии со спиењето помеѓу 23:00 и 3:00 часот
Изгледа чудно што токму овој симптом за духовно будење е вклучен во списокот, но тој дефинитивно вреди да се спомене. Причината ова да се случува е вашиот енергетски систем или тн. Кинески меридијан. Меѓу 23:00 часот и 1:00 часот жолчката е многу активна. Нашите длабоки мисли и сознание имаат енергетско влијание токму врз овој орган. Потоа, помеѓу 1:00 часот и 3:00 часот најактивен е црниот дроб, а тој е одговорен за справување со гневот. Луѓето кои доживуваат духовно будење за првпат, чуваат многу гнев во себе.
Се лутите
Во почетокот на духовното будење, кога чувствата на љубов и благодарност се зголемуваат, луѓето често доживуваат спротивни чувства. Во различни животни ситуации умот прави брзо пребарување на базата на податоци со спомените кои се чуваат во мозокот, за да најде искуства кои се најблиски до оние кои ги чувствуваме во конкретниот момент. На овој начин, умот прави една своевидна карта на добрите и лошите избори направени во минатото, која ни овозможува да направиме подобар избор во оваа ситуација. Затоа луѓето донесуваат побрзи решенија за работи или ситуации во кои имаат повеќе искуство.
Умот ви располага со толку многу информации, што веднаш е подготвен да ви понуди разновидни решенија и знае која е најдобра опција за вас. Во некои случаи, сепак се соочуваме со нови ситуации за кои немаме никаква информација и спомени кои ќе ни помогнат. По патот на духовното будење умот ќе почне да го покажува начинот на кој се менуваат вашите разбирања за емоциите. Во свеста ќе се родат нови и непознати мисли. Природниот проток на духовната енергија, вклучувајќи ја интуицијата, се изразува преку емоционалниот систем.
Вие често ќе чувствувате лутина или други негативни емоции, кога сте свесни за овие контрасти во разбирањата. Кога вашата свест расте, ќе почнете да доживувате повеќе гнев и неподносливост кон роднини и пријатели. Ова се должи на фактот дека го ограничувате влијанието на егото и фактот дека свеста почнува да се занимава со поголеми човечки и социјални цели. Тогаш на јаве излегуваат ограничувањата кои сами си ги поставуваме и кои го блокираат нашиот духовен развој.
Ќе станете нетрпеливи
Секој човек, кој тргнал по патот на духовниот развој сфаќа дека сам го создава светот во кој живее благодарение на своите мисли, чувства и дејства. Тоа оди рака под рака со осознавањето и чувството на одговорност, што ви тежи на почетокот. Како резултат на тоа често се случува да бидеме загрижени и дури да паничиме, особено откако помине првата фаза од издигнувањето на свеста. Добрата вест е дека тоа е сигурен знак за повисоките нивоа на свест и информираност кои сте ги достигнале. Мислете за овие работи, бидејќи имате сила.Ви претставуваме 5 знаци кои јасно покажуваат дека се наоѓате во процесот на духовно будење.
Чувствувате една обновена врска со неш