Честит Илинден

Република Македонија денеска ги одбележува двата историски Илиндена – 114 години од почетокот на Илинденското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ.По повод Денот на Републиката, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во 10.25 часот ќе се обрати пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје. Претходно Иванов ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ (во паркот Жена-борец) и на споменикот на Никола Карев (пред Собранието на Република Македонија).
Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена.
Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.
Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.
Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.По повод Денот на Републиката, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во 10.25 часот ќе се обрати пред споменикот на пр

Пронајдете не на следниве мрежи: