среда, 25 ноември 2026
Најново

Честитка од Димитриев за Велигден до сите верници од христијанска вероисповед

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово- Велигден, претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев упати честитка до сите христијански верници.Со особена радост и задоволство, на овој голем ден, сакам во свое лично име и во име на Владата на Република Македонија, на сите верници со христијанска вероисповед да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.
Велигден е од исклучителна важност за христијанството, затоа што ова е денот кој им дава надеж на сите верници дека постои пример и водилка во нивните животи, дека сечие тежнеење кон подобро и богоугодно однесување не е бесцелно, туку посакувано и ценето од нашиот Бог. Велигден е еден од најзначајните симболи на нашата вера, симбол на воскресението, симбол на победата над смртта, на победата на доброто врз злото, и на победата на доброто човеково поведение. Преку воскреснувањето Исус докажал дека е Синот Божји и дека целото негово учење е вистинито. Воскресението пред кое се поклонуваме на Велигден постојано и постојано не потсетува дека има надеж и за човековата душа, дека Бог е со нас и во добро и во лошо, и дека секогаш треба да ги следиме вредностите.
Во овие убави празнични денови да се помолиме и заблагодариме на таквото соединение со Бога. Да се поклониме на неговата милост и да продолжиме да ги следиме неговите пораки. Во спокој да ги исполниме црковните храмови и со радост да ја примиме убавата вест од црковните камбани. Да го прославиме заедно Христовото воскресение и да се помолиме Бог да биде со нас и во иднина. Да се помолиме за здравје и среќа во нашите домови, љубов и бериќет во нашите семејства, мир и спокој во нашата земја. Да се помолиме и да работиме за развој на нашата Татковина, подобар стандард за граѓаните и повеќе можности за успех за секој еден поединец.
Нека Бог ја зацврсти нашата заедница, нека ни помогне да преземаме мудри чекори и да ги надминеме сите предизвици со кои како држава се соочуваме. Нека Бог не поткрепи и ни донесе нови радости, напредок и само напредок во Република Македонија.
Нека е за многу години Велигден !
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА !Со особена радост и задоволство, на овој голем ден, сакам во свое лично име и во име на Владата на Република Македонија, на сите верници со христиј

Поврзани вести