Честитка од друштвото „Илинден“ од Тирана

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот на друштвото за Голо Брдо по повод двата историски Илиндена упатија честика до сите Македонци. 
– Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите Македоници. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 и АСНОМ 1944, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.
Македонците во Албанија со повеќе активности ќе го одбележат Илинден.
По традиција, според Халилај, Македонците од село Гиноец и неколкуте соседни села, од Голо Брдо, независно од нивната верска припадност ќе ја посетат црквата „Свети Илија“ во селото, како што тоа го прават со векови. На денот доаѓаат и поранешни жители и нивни потомци кои сега живеат во други градови во Албанија, во Македонија или се на печалба. 
– Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: