Честитка од Груевски по повод Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Македонија по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Република Македонија исклучително го цени придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот во државата. Република Македонија била и останува една од земјите која силно ја поддржува ромската заедница, нејзината културна и јазична засебност, но и нивната политичка и општествена вклученост во градењето на подобра иднина за сите, се вели во честитката од Груевски.
Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, се додава, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет и во иднина за ВМРО-ДПМНЕ. Токму на тој начин ќе овозможиме унапредување на општествениот статус на Ромите во Македонија кои се нераскинлив дел од нејзиното минато, сегашност и иднина.
– Приоритет на кој со заеднички сили и напори посветено работевме изминатите години и на кој заеднички ќе продолжиме да работиме и во следниот период. Бидејќи сите ние сме Македонија. Бидејќи Македонија е наша заедничка држава, земјата на нашите предци и земјата на нашите деца и внуци. Македонија е нашиот заеднички дом, на сите Македонци, Роми, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци. Ние секогаш сме се гордееле на нашето мултиетничко и мултикултурно општество кое заедно сме го граделе. Оттука наша обврска е ова општество и овој модел на заеднички живот да го одбраниме и одржиме за идните поколенија. Заедно сите ќе се спротивставиме на секоја намера некој да посегне по унитарниот и мултиетнички карактер на државата, затоа што тоа ја загрозува и иднината на нашата Македонија, како држава на сите граѓани без разлика на етникум или вераОд мое име и од име на ВМРО-ДПМНЕ. Ви посакувам добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства, се нагласува во честитката од Груевски по повод Меѓународниот ден на Ромите.Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам Меѓународниот ден на Роми

Пронајдете не на следниве мрежи: