Претседателот Ѓорге Иванов лично и во име на македонските граѓани му го честита на Александер Ван дер Белен изборот за нов претседател на Република Австрија, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.– Вашиот избор на оваа функција е исклучително значаен. Тој се случува во период на бројни сериозни предизвици со кои се соочува Европа, а единството, довербата и неопходноста од повеќе соработка во рамките на Европската унија се пред големи искушенија. Вашиот избор значи и враќање на оптимизмот во регионот на Југоисточна Европа, регион без чија интеграција, европското обединување нема да биде целосно, и тоа Австрија добро го знае и правилно го разбира. Длабоко сум убеден дека за време на Вашиот мандат Австрија, која има силни традиционални врски со Балканот, како докажан пријател на Република Македонија, ќе продолжи да ги поддржува и ќе ги забрза нашите заложби за интегрирање во Европската Унија, пишува Иванов во честитката до Ван дер Белен.
Македонскиот претседател искажува задоволство од достигнатото ниво и континуираниот позитивен тренд во односите и соработката меѓу Македонија и Австрија и изразува целосна подготвеност да продолжи соработката како и со претходниот австриски претседател.
На тој начин, наведува Иванов, ќе дадеме придонес за натамошно унапредување на односите во сите сфери од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.– Вашиот избор на оваа функција е исклучително значаен. Тој се случува во период на бројни сериозни предизвици со кои се соочува Европа, а ед