Претседателот Ѓорге Иванов по повод еврејскиот празник Пасха упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.
– Ми претставува особена чест и големо задоволство, Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви го честитам претстојниот празник Пасха, кој е еден од трите празници на поклонението. Тој го прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство. Според легендата, се слави доаѓањето на израелските племиња во Египет, нивното ослободување од египетското ропство и потребата од пасхална жртва. Евреите низ светот, од поколение на поколение, одбележувањето на овој ден го поврзуваат со борбата за слобода и за непокорност, како симбол на ново раѓање и надеж. Негувајќи ја традицијата ги негувате вистинските вредности на религијата, поклонението и ја славите слободата, наведува Иванов во честитката.
Македонскиот претседател посочува дека заеднички треба да придонесеме за почитувањето на религиските и на културните посебности создавајќи вредности за идните генерации. – Примете ги моите искрени желби за мир, меѓусебна доверба и пријателство, додава Иванов. – Ми претставува особена чест и големо задоволство, Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви го честитам пр