четврток, 12 ноември 2026
Најново

Честитка од претседателот Иванов до Еврејската заедница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Ѓорге Иванов по повод еврејскиот празник Пасха упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.
 – Ми претставува особена чест и големо задоволство, Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви го честитам претстојниот празник Пасха, кој е еден од трите празници на поклонението. Тој го прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство. Според легендата, се слави доаѓањето на израелските племиња во Египет, нивното ослободување од египетското ропство и потребата од пасхална жртва. Евреите низ светот, од поколение на поколение, одбележувањето на овој ден го поврзуваат со борбата за слобода и за непокорност, како симбол на ново раѓање и надеж. Негувајќи ја традицијата ги негувате вистинските вредности на религијата, поклонението и ја славите слободата, наведува Иванов во честитката.
Македонскиот претседател посочува дека заеднички треба да придонесеме за почитувањето на религиските и на културните посебности создавајќи вредности за идните генерации. – Примете ги моите искрени желби за мир, меѓусебна доверба и пријателство, додава Иванов. – Ми претставува особена чест и големо задоволство, Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви го честитам пр

Поврзани вести