Претседателот Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.– Честитајќи ви го денешниот празник, сакам да го истакнам значењето на образувањето на мајчиниот јазик, кое е важно во негувањето на основните обележја на еден народ. Тоа го јакне и го зачувува националниот и културен идентитет, овозможувајќи им на нашите сограѓани да ги негуваат своите културни и верски традиции. Република Македонија претставува раскошен мозаик во кој живеат различни народи кои зборуваат на различни јазици и живеат различни култури. Живееме заедно, градејќи заедничка иднина на соживот, еднаквост и почит, стои во честитката од Иванов.
Македонскиот претседател посочува дека високо го цени придонесот кој турската заедница го дава за развојот на земјава.
– Несомнено најдобрите амбасадори се токму луѓето кои години наназад живеат и работат како лојални граѓани на Република Македонија. Турската заедница е значаен дел од македонското мултиетничко општество кое се темели на доверба и заедништво. Република Македонија гледа голем пријател и сојузник во Република Турција. Отворената и постојана политичка поддршка меѓу двете земји влијае на развојот на добрите културни и економски односи. Затоа сведочат голем број реализирани проекти и инвестиции во различни области, истакнува Иванов.
Честитајќи го одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, Иванов порачува дека заеднички ќе продолжиме да придонесуваме во продлабочувањето на добрите односи меѓу двете пријателски земји, градејќи просперитетна иднина за сите граѓани на Република Македонија.– Честитајќи ви го денешниот празник, сакам да го истакнам значењето на образувањето на мајчиниот јазик, кое е важно во негувањето на основни