Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, денес по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, на поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан, како и на сите верници во и надвор од границите на Македонија, ја упатува следнаа честитка:“По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, дозволете на Ваc лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето свештенство и монаштво, на сите православни верници на Македонската Православна Црква во Татковината и надвор, да упатам срдечни честитки, со најискрени желби за одлично здравје, успех, благосостојба и мир во душата.
Празнувајќи го денот на Христовото крштевање го празнуваме духовното раѓање и обнова на нашето единство преку верата. Со осветувањето на водите и објавата на божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот и се зацврсти темелот на верата, а вредностите на покајанието, прочистувањето, правдината и трпението добија вистинска смисла.
Затоа, на овој голем богојавленски празник да празнуваме и да се радуваме, со желба покрстената вода да ни даде нова сила за нови големи дела и успеси. Да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да не зближи уште повеќе како народ во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден.
Ваше Блаженство, честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите Македонци кои го прославуваат празникот сакам да им порачам дека верата се потврдува со дела и преку љубов кон сите луѓе.
Бог да ја чува нашата Татковина!“
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, дозволете на Ваc лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето св