Често се лутите и навредувате? Прочитајте ја оваа поучна приказна…

Го прашал еднаш ученикот учителот: „Толку си мудар, секогаш си добро расположен, никогаш не се лутиш. Помогни ми да станам таков“.Учителот се согласил и го замолил ученикот да донесе компир и една вреќа.
„Кога некогаш ќе се налутиш и навредиш, земи еден компир па на него напиши го името на човекот со кого си се скарал, а потоа стави го компирот во вреќата“
„И тоа е се?“, прашал ученикот изненадено.
„Не“, одговорил учителот, „Потребно е секаде со себе да ја носиш таа голема вреќа и секогаш кога ќе се почувствуваш навредено стави по еден компир во неа“.
Ученикот се согласил. Поминало некое време. Вреќата се полнела со компири и станала приличлно тешка. Било навистина непријатно да ја носи секаде со себе. Покрај тоа, компирите почнале да се расипуваат. Некои изгниле и ширеле непријатен мирис.
Ученикот дошол кај учителот и рекол:
„Невозможно е ова да го носам повеќе со себе. Вреќата е претешка, а компирот се расипа.“
На ова, учителот одговорил:
„Истото тоа се случува и со твојата душа. Кога некогаш ќе се налутиш, навредиш, во твојата душа се спздава тежок товар иако веднаш не го забележуваш. Потоа тежината станува се потешка. Постапките се претвораат во навики, а навиките во карактер кој раѓа пороци кои мирисаат. И лесно би заборавиле на тој товар да не стане се потежок и постојано да го носиме со себе. Ти дадов можност од страна да го набљудуваш тој процес. Секој пат кога ќе одлучиш да се скараш, да се навредиш или некого да навредиш размисли дали таа тежина ти е навистина потребна“.Учителот се согласил и го замолил ученикот да донесе компир и една вреќа.
„Кога некогаш ќе се налутиш и навредиш, земи еден компир па

Пронајдете не на следниве мрежи: