Македонската православна црква Охридска архиепископија и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје на 24 ноември (четврток) во 12 часот во манастирскиот комплекс „Свети Атанаси Велики“ во село Лешок ќе одржат чествување по повод 200 години од објавувањето на делото „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ.По овој повод ќе биде промовирано најновото издание,што го приреди професорот Борис Момировски, а го објави издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје.
За значењето на ова дело за македонската просвета ќе говорот Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан и проф. д-р Марко Китевски.
Свеченоста ќе биде збогатена со „Фрагменти од кантатата Огледало“ од композиторот Стојан Стојков, во изведба на градскиот хор „Менада“,под диригенство на д-р Ивица Зориќ.По овој повод ќе биде промовирано најновото издание,што го приреди професорот Борис Момировски, а го објави издавачката куќа „Силсонс“